Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Тој порача дека дигиталните услуги треба да овозможуваат поголема самостојност и да ја направат комуникацијата со институциите полесна и попристапна за сите граѓани.
„Постојните веб-страници и мобилни апликации на институциите од јавниот сектор треба да се усогласат со стандардите за дигитална пристапност до 31 декември годинава, согласно Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации, истакна денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Тоа значи заштедено време, помала потреба од туѓа помош и поголема приватност при користењето на личните податоци - рече Андоновски.
„Тој потсети дека Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор беше донесен во Собранието минатата година со примена од 1 јули 2026 година, со што домашната регулатива првпат се усогласува со Европската директива 2016/2102.