Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
На дневниот ред на 129. собраниска седница се измени и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, со коишто ќе се намалат ризиците поврзани со членството на нашата земја во СЕПА.
„Во предложениот законски текст се посочува дека целта е да се отстранат слабостите во постојните одредби и постапување согласно Извештајот од спроведената евалуација на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам усвоен од страна на Moneyval Комитетот во 2023, заради усогласување со Препораките на ФАТФ.
Измените се однесуваат само на една цел, а тоа е да се намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, во единствената европска платежна зона, што веќе е остварено пред една година и е многу корисно за македонските стопанственици и за граѓаните бидејќи обезбедува брзо и поекономично тргување со сите земји – членки на ЕУ и со земјите – членки на Европската економска област.
„Инаку, препораката за овие измени е дадена уште во мај 2023 година од еспертската група Moneyval за спречување перење пари и финансирање тероризам при Советот на Европа – рече Милошоски.
„Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА 10/11/2026 14:45 Фото: Б. Грданоски На дневниот ред на 129. собраниска седница се измени и дополнување.