Измина една година откако по втор пат ми ја дадовте довербата да ја извршувам функцијата градоначалник на Општина Босилово. Вашата доверба за мене значи чест и почит, но истовремено значи и одговорност и обврска, секојдневно и неуморно да работам за решавање на проблемите во Општина Босилово и обезбедување на услови за развој на Општина Босилово, истакна денеска на прес конференција Ристо Манчев, градоначалник на Општина Босилово. Во изминатите дванаесет месеци, Општина Босилово реализираше и во тек е реализација на низа проекти и активности насочени кон подобрување на условите за живот во сите населени места, унапредување на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот, културата и заштитата на животната средина.