Локалната власт во Валандово предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политиките насочени кон рамномерен локален развој, подобрување на инфраструктурата и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај наследените финансиски обврски од над 60 милиони денари, општината презема активности за финансиска консолидација, истовремено реализирајќи проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните, од реконструкција на улици и локални патишта, преку подобрување на водоснабдувањето, до инвестиции во образованието, спортот и културата. Еден од позначајните инфраструктурни проекти е реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Валандово, инвестиција вредна над 5 милиони денари, со која се подобрени подземната инфраструктура, тротоарите, паркинг-просторот и хортикултурно уредување.