Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи синоќа во дебатна емисија бил запрашан за можноста копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити да се врати во ДУИ. Во својот одговор, Османи не даде директен став за враќањето на Меџити, но ги повика сите оние кои, според него, се спротивставуваат на актуелните политички случувања и она што го опиша како „бран на албанско понижување“, да се приклучат во заеднички фронт. Тој нагласил дека овој фронт започнал во Брвеница и ќе продолжи да се спротивставува на политиките кои, според него, ја поткопуваат позицијата на Албанците.