Раководството на Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“ предупредува дека установата е пред банкрот и дека би можела да биде затворена уште утре, објави весникот „Вашингтон пост“. Раководството на установата назначено од американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека поставувањето на името на Трамп на фасадата на зградата можеби е единствениот начин да се избегне непосреден и „сигурен финансиски колапс“, објави весникот, повикувајќи се на документи до кои дошол. Според извештајот што го подготвиле членовите на Управниот одбор на установата, Кенеди-центарот за неколку недели повеќе нема да може да ги исплаќа вработените ниту да ги покрива трошоците за одржување.