Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека макроекономската слика во земјата е стабилна и оти економијата денес е многу, многу постабилна од економиите во регионот отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека Македонија се движи кон банкрот. Да, економијата се движеше кон банкрот, директно во банкрот бевме во 2024 година, но, за среќа, успеавме некако да ја консолидираме во екстремно тешки услови, што во меѓувреме беа создадени. Така што, макроекономската слика во земјата е стабилна и сите параметри укажуваат на тоа дека макроекономијата, верувале или не, денес е многу, многу постабилна од која било економија во регионот во кој живееме - рече Мицкоски.