Со промоција на едукативниот настан „Имам став“, пратеници, наставници и ученици од… Со промоција на едукативниот настан „Имам став“, пратеници, наставници и ученици од 18 средни училишта во земјата, во македонското Собрание го одбележаа 5 октомври – Светскиот ден на наставникот. Пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, Иванка Василевска, во обраќањето до младите ги охрабри да бидат отворени, јасно и аргументирано да ги искажуваат своите мислења и да се залагаат за своите ставови. Да се говори, значи да се има став, да се има став е право на секоја човечка индивидуа, тоа право не смее никој да го поништи, освен во случаи ако се има лоша намера, предизвикува немир, агресија или некоја негативна конотација во однос на наштетување на друга личност или на една група.