Во Собранието денеска Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од… Во Собранието денеска Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и Карибите оствари средба со нерезидентната амбасадорка на Република Куба, Мариета Гарсија Хордан, со седиште во Софија, во придружба на Роберто Вискаино, прв секретар во Aмбасадата. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, покрај претседателот на Групата, Кире Божиновски, присуствувале и членовите Грација Бакрачевска, Соња Мираковска, Емил Спасовски, Амар Мециновиќ и Ријад Шаќири. Претседателот на Групата, Божиновски истакнал дека парламентарната дипломатија е еден од најважните механизми за градење на мостови на соработка и пријателство, но и за меѓусебна поддршка и размена на искуства во сите области, независно од географската далечина меѓу државите.