Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Договорена е директна авионска линија која ќе оперира од Тиват до Скопје, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора.
Оваа авиолинија се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на бројот на патници, но и зголемување на туризмот и на бизнисот.
„Се надевам дека оваа авиолинија ќе ја користат многу луѓе – рече Николоски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ.