Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на обвинувања на пратеникот на НАИ, Скендер Реџепи за пораките кои се испраќаат за време на кампањата во Брвеница истакна дека никој од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не повикал на етничко гласање, а од друга страна ДУИ која за 20 години не направила ниту еден проект за Брвеница и со тоа иселила 10 илјади граѓани, од кои 90% Албанци, сега оди по Европа и по светот да ги моли тие кои што ги избрка да се вратат во Брвеница и да гласаат бидејќи не смееле македонците да ја водат општината. „Околу делот на пораките коишто ги испраќате за тоа што сум зборувал јас кога бев во Брвеница, инаку мене не ми е првпат, јас не знам колку пати вие сте биле во таа општина, но јас сум ги поминал сите села таму и тоа некои од селата сум ги поминал и по неколку пати. Еве да речеме во Теново бев по четврти пат, во Радиовце по третпат, Седларце Брвеница, Гургурница, можам да ги редам, Стенче, Волковија, Блаце.