Економскиот раст во Западен Балкан се забрза во вториот квартал од 2026 година, и покрај неповолната меѓународна средина. Пондерираната просечна стапка на раст на производството во регионот се зголеми на 3,6% на годишно ниво, од 3,2% во претходниот квартал, според најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за економскиот напредок на земјите-кандидатки за членство во ЕУ. Тоа е најбрзиот раст од вториот квартал од 2024 година. Највисока стапка на раст во регионот има во Македонија од 3,1 на 4,3%. Според ЕК, забрзувањето беше поттикнато од посилниот раст во Србија, најголемата економија во регионот, каде што растот на производството се зголеми од 3,2 % на годишно ниво на 3,8% во вториот квартал од 2026 година.