Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Мене ми е жал што сè уште во Македонија се случуваат вакви нешта, иако ние како Министерство водиме агресивна кампања против врсничкото население.
„Направени се прирачници за во училиштата, воспоставен е систем на делување во случај на врсничко насилство во училиштето, за наставниците, за стручната служба, за директорите, поврзаноста на образовниот систем со социјалните служби, со МВР … Имаме две кампањи кои течат на медиумите и против сајбер насилството има прирачник, и да не ги набројувам сите – изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на Тетово и зголеменото врсничко насилство помеѓу малолетници, во рамки на денешната панел-дискусија „Извештајот на Европската Комисија за 2026 – напредок и реформи“ во Владата.
Јаневска потенцираше дека грижата за децата не може да биде препуштена само на училиштата или институциите, туку таа е заедничка и родителите мора активно да се вклучат во нејзиното спречување, оценувајќи дека не е зголемен процентот, туку дека е забележана зголемена бруталност и нова загрижувачка појава на „апатија“ кај останатите деца, кои со своето недејствување, снимање и гледање де факто стануваат соучесници.
„Како одговор на овие состојби, Јаневска рече дека преземале повеќе активности – побарале наставниците да се во ходниците и во дворовите, како и казна за родителите од 250 евра, што сè уште е во собраниска процедура.
Направени се прирачници за во училиштата, воспоставен е систем на делување во случај на врсничко насилство во училиштето, за наставниците, за стручната служба, за директорите, поврзаноста на образовниот систем со социјалните служби, со МВР … Имаме две кампањи кои течат на медиумите и против сајбер насилството има прирачник, и да не ги набројувам сите – изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на Тетово и зголеменото врсничко насилство помеѓу малолетници, во рамки на денешната панел-дискусија „Извештајот на Европската Комисија за 2026 – напредок и реформи“ во Владата.
„Јаневска, исто така, посочи дека склучиле договор со Комората на психолози кои неколку месеци работеле на терен, ги подучувале наставниците, стручните служби и родителите.