Падот на Вучиќ во Србија и промената на политичката власт кај северниот сосед нема да ја попречат економската соработка со Македонија. Министерката за енергетика Божиновска децидно ги отфрли шпекулациите за каков било застој во изградбата на гасните интерконектори со Србија, но и со Грција, и потенцира дека двата проекта се реализираат според планираната динамика. Божиновска нагласува дека на двата стратешки проекта се работи интензивно, согласно зацртаното: „Следната година, околу јуни 2027, треба да биде завршена трасата до Грција, тие 68 километри, а во август се избра и за северната граница, односно за тие 22 километри изведувач.