Литванија ќе ги задржи пратките со житарки извезени од Русија и Белорусија преку пристаништето Клајпеда додека не го провери нивното потекло, изјави за Reuters функционер од литванската министерство за земјоделство, додавајќи дека регулативата може да го одложи извозот со месеци што неминовно ќе предизвика недостиг на пазарот и скок на цените на житарките на светските пазари, а имајќи предвид дека некои од руските пратки се наменети како помош за африканските земји се очекува тие да бидат најтешко погодените. Литванија ги проверува пратките со житарки од Русија и Белорусија од септември, со образложение дека се сомнева дека некои од нив доаѓаат од украински територии под руска контрола. Почнувајќи од следната недела, пченицата, ‘ржта, семките од сончоглед и пченката што пристигнуваат во балтичкото пристаниште Клајпеда од Русија и Белорусија со дестинации во други земји нема да поминат низ царина додека не се заврши проверката на потеклото, изјави за Reuters неименуван литвански функционер.