Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, и тоа: М.Х.(22), К.Ш.(32), М.Б.(21) сите од Скопје, Н.Ј.(20) од с.Грушино, Општина Арачиново, Е.С.(18) од с.Гошинце, Општина Липково, Џ.Ф.(73) од с.Калиште, Општина Врапчиште, Ф.Ц.(31) од с. Голем Радобил, прилепско, како и Д.К.(41) од с.Дедино , Општина Конче и Р.М.(62) од Гостивар, кои биле и под дејство на алкохол. Додека, пак, А.И.(41) од с.Порој, тетовско, управувал возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.