Очното одделение во Општа болница Куманово доби нов ехо-апарат со кој ќе се врши современа дијагностика и поквалитетна здравствена услуга на пациентите во Североисточниот регион. Новиот современ апарат ќе се користи за откривање и процена на ретинално одлепување, крвавења, заматувања и oдлепување на стаклестото тело, откривање и мерење на одредени формации, откривање на туѓи тела, задебелувања и други патолошки промени. Потоа мерење на должината на очното јаболко – биометрија, која е неопходна пред операција на катаракта, одредени промени во ткивата околу окото и др. „Оваа набавка е значаен чекор кон модернизација на медицинската опрема и подобрување на условите за работа на нашиот стручен медицински персонал, кој со својата посветеност, знаење и професионалност секојдневно се грижи за здравјето на пациентите.