Амбицијата не треба да биде само пазар на капитал што функционира, туку пазар што расте, ги претвора заштедите во инвестиции и на кој граѓаните му веруваат, компаниите го избираат, а инвеститорите сакаат да останат, порача во обраќањето претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази, на 25. Годишната. Амбицијата не треба да биде само пазар на капитал што функционира, туку пазар што расте, ги претвора заштедите во инвестиции и на кој граѓаните му веруваат, компаниите го избираат, а инвеститорите сакаат да останат, порача во обраќањето претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази, на 25. Годишната конференција на Македонската берза во Охрид. Абази истакна дека македонскиот пазар на капитал се наоѓа во период на значајна регулаторна и развојна транзиција, во која усогласувањето со европските стандарди треба истовремено да обезбеди сигурност и доверба, но и да создаде простор за иновации и поголема динамика на пазарот.