По повод 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата, Парламентарниот институт на Собранието, во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) и со поддршка од Швајцарската програма за парламентарна поддршка, организираше едукативен настан за ученици од основните училишта „11 Октомври“, „Страшо Пинџур“, „Живко Брајковски“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ од Скопје. На настанот се обратија потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, и … По повод 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата, Парламентарниот институт на Собранието, во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) и со поддршка од Швајцарската програма за парламентарна поддршка, организираше едукативен настан за ученици од основните училишта „11 Октомври“, „Страшо Пинџур“, „Живко Брајковски“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ од Скопје. На настанот се обратија потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, и амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер и Златко Атанасов, државен советник и раководител на Парламентарниот институт.