Ефектите од глобалното затоплување не ги погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството. Во Европската Унија годинава имаше топлотен бран, голема суша и шумски пожари, а пожари во Белгија и на австриските Алпи се појави што, според европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, претставуваат нова реалност за дел од европските земји. Може да зборуваме за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид, но веќе ги надминавме оние 1,5 степени Целзиусови што ги потпишавме во Париз.