Македонското земјоделство се наоѓа во катастрофална состојба, земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, високи производствени трошоци и неизвесен пласман, а сè повеќе производители се откажуваат од земјоделството, нагласи пратеникот од СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница во образложението на предлог – Законот за финансиска поддршка на земјоделство, што беше поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Талески … Македонското земјоделство се наоѓа во катастрофална состојба, земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, високи производствени трошоци и неизвесен пласман, а сè повеќе производители се откажуваат од земјоделството, нагласи пратеникот од СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница во образложението на предлог – Законот за финансиска поддршка на земјоделство, што беше поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Талески порача дека за ваквата состојба во земјоделството директна одговорност има ВМРО и премиерот Мицкоски, кој ветуваше повисоки субвенции, сигурен пласман и подобар живот за земјоделците, и ништо не исполни – земјоделството колабира.