Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Во рамките на дискусијата беа презентирани повеќе предлог-проекти, кои ќе бидат разгледани како потенцијални инвестиции за вклучување во општинскиот буџет за 2027 година.
„Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, истакна дека целта е буџетот да се креира врз основа на реалните потреби на граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отворениот дијалог и заедничкото утврдување на проектите што ќе придонесат за подобрување на условите за живот и локалниот развој.