На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката, соопштија попладнево од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Одлуката официјално била презентирана на денешната средба на која присуствувале ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка.