Умерена фреквенција на патиштата надвор од градовите, а на граничните премини нема подолги чекања. Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.