Тендерот за изградба на третата фаза за пругата кон Бугарија е веќе објавен на страната за јавни набавки на ЕУ. За тунелот, работните групи на Македонија и Бугарија веќе технички работат, додека проектот за брза пруга на Kоридор 10 се реализира согласно договорената динамика и рокови, објасни, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт. Тендерот за изградба на третата фаза за пругата кон Бугарија е веќе објавен на страната за јавни набавки на ЕУ. За тунелот, работните групи на Македонија и Бугарија веќе технички работат, додека проектот за брза пруга на Kоридор 10 се реализира согласно договорената динамика и рокови, објасни, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интеврјуто за “Радио Лидер”. “ За третата секција, најкомплицираната од Крива Паланка, односно таа треба да оди под Крива Паланка -тунелот е најголем што го има под градот, до влезот на меѓуграничниот тунел, веќе тендерите се објавени.