Куманово ја оправда фаворитската улога со висока победа од 4:1 над Липково во мечот од 2. коло на Трета лига регион 2. Сите четири погодоци домаќинот ги постигна во првиот дел, резултатот го отвори Богдан Велиновски, Ќендрим Абази постигна два гола, а еден гол постигна Леон Момевски. Во вториот дел Иса Алили во 55. минута. Во вториот дел Иса Алили во 55. минута стрелаше за конечни 4:1. Беса од Слупчане славеше над Влазними во Оризари со резултат од 1:2. Гостинот преку Харин Касуми и Шуајб Бајрами имаше два гола предност, а во финишот на првиот дел Сабри Рамадани погоди за конечни 1:2, откако во вториот дел немаше погодоци.