Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Одлуката претставува значаен чекор за Тетово како универзитетски центар и важен придонес кон унапредувањето на високото образование, науката и библиотечните услуги.
„Како национална установа од областа на културата, Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово има важна улога во задоволувањето на културните, информативните и едукативните потреби на граѓаните на Тетово и Полошкиот регион.
Со проширувањето на дејноста, библиотеката ќе обезбеди поширок пристап до своите фондови и услуги за студентите, професорите и истражувачите“, информира Министерството за култура и туризам.
„Министерството во соопштението додава дека ќе продолжи да работи на унапредување на институционалните капацитети и развојот на библиотечната дејност, „препознавајќи ја важноста на библиотеките како центри на знаење, образование, истражување и културен развој“.
На предлог на Министерството за култура и туризам, Владата на денешната седница ја усвои одлуката за проширување на дејноста на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово и нејзина трансформација во Универзитетска библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово.
„Владата, на предлог на Министерството за култура и туризам, на денешната седница ја усвои одлуката за проширување на дејноста на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово и нејзина трансформација во Универзитетска библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово.