Сообраќајот се одвива непречено, без подолги задржувања на граничните премини, но возачите треба да внимаваат на можни одрони на неколку патни делници, информираа од АМСМ. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово, Кочани – Делчево.