Граѓаните на Куманово имаат можност до крајот на октомври да достават предлози за доделување на Ноемвриската награда за 2026 година. Ноемвриската награда е највисокото признание на Општина Куманово што се доделува на истакнати поединци, претпријатија, организации, здруженија и заедници за постигнати посебни резултати во работењето и дејствувањето во стопанските и вонстопанските дејности, во едногодишен или повеќегодишен период. „По повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово, Општина Куманово и оваа година ќе ја додели традиционалната Ноемвриска награда, како највисоко општинско признание за посебни достигнувања во одредена област.