Под наслов „Кочани одблиску“, Градскиот парк во Кочани денеска беше место за… Под наслов „Кочани одблиску“, Градскиот парк во Кочани денеска беше место за презентација на активностите на институции, граѓански организации, клубови и поединци од локалната заедница, во рамките на програмата на „Денови на кочанскиот ориз“. На настанот своите активности ги претставија околу 20-ина правни и физички лица, меѓу кои спортски и рекреативни клубови, здруженија што работат во областа на заштитата на природата, пчеларството, ракотворење, училишта, како и организации и поединци активни во реализацијата на психосоцијални активности. Преку штандови, презентации и непосредна комуникација со посетителите, учесниците ги претставија својата работа, иницијативи и активности, овозможувајќи им на граѓаните одблизу да се запознаат со можностите за вклучување во различни локални активности.