Делови од Куманово и повеќе села во општините Старо Нагоричане и Куманово, денеска и утре ќе останат без електрична енергија, поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Денеска, од 8 до 14.30 часот, без струја ќе бидат корисниците на улицата „Осогово“, дел од улицата „Боро Прцан“, дел од улицата „11 Ноември“ пред мостот за Бедиње, како и дел од улицата „Србо Томовиќ“ во Куманово. Во општина Старо Нагоричане, поради реконструкција на среднонапонската и нисконапонската мрежа, од 8.30 до 12.30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Војник, Стрезовце, Клечовце, како и во кумановските села Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кшање, Кокошиње, Скачковце, Кучкарево, Градиште, Габреш и Колицко.