Од бременоста до првите чекори на бебето, секоја нова фаза носи радост, но и многу прашања. Токму затоа, dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира нова бесплатна едукативна обука во рамки на „Караванот на мајчинството“, која ќе се одржи на 21 октомври 2026 година, од 17:30 до 19:30 часот, во хотел „Оаза“, на ул. „Тошо Арсов“ бр. 32 во Штип. Учеството е бесплатно, а сите заинтересирани треба да се пријават преку електронската адреса info@matrona.org.mk. Обуката, на тема „Од бременоста до првите чекори: практични совети за мајката и правилен развој на бебето“, ќе им овозможи на идните и новите родители да слушнат стручни препораки и практични совети од две докторки со долгогодишно искуство во своите области.