Сто и осумдесет очи на бездомни кучиња го следат секое отворање на… Сто и осумдесет очи на бездомни кучиња го следат секое отворање на капијата на ЈП „Лајка“, на вратите на просториите и боксовите во кои се чуваат, со надеж дека некој ќе дојде да ги изведе оттука засекогаш и оти конечно ќе имаат свој дом. Прифатилиштето не е замислено како траен дом за сите бездомни кучиња, туку како место каде што тие добиваат ветеринарен третман, проценка на здравствената состојба и однесувањето, стерилизација, вакцинација и други потребни интервенции и шанса да се вдомат преку посветена работа за нивна социјализација од страна на негувателите. Директорот на ЈП „Лајка“ Војислав Димитровски во интервју за МИАвели дека во пракса постојат кучиња, кои ако не се вдомат, не можат веднаш да бидат вратени на локацијата од која биле заловени, иако основниот принцип на работа на „Лајка“ е залови – стерилизирај – вакцинирај – врати, во согласност со утврдените протоколи и применливите правила.