Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во изминатите два дена во Охрид, беше домаќин на регионалната платформа Joint Migration Task Force, посветена на справувањето со илегалната миграција, организираниот криминал и современите безбедносни предизвици во регионот, со посебен акцент на прекуграничните криминални мрежи и нивната способност брзо да ги менуваат начините на дејствување и Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во изминатите два дена во Охрид, беше домаќин на регионалната платформа Joint Migration Task Force, посветена на справувањето со илегалната миграција, организираниот криминал и современите безбедносни предизвици во регионот, со посебен акцент на прекуграничните криминални мрежи и нивната способност брзо да ги менуваат начините на дејствување и криминалните рути. На средбата присуствуваа директорите на полициите на Црна Гора, Косово и Албанија, како и делегации од Обединетото Кралство, Грција и Босна и Херцеговина. Свои обраќања имаа и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и раководителот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, со што беше нагласена важноста на координираното дејствување меѓу институциите во справувањето со сложените безбедносни закани.