Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Одделот за внатрешна контрола , криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,, злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавениот А.Љ., на работно место раководител на смена во ПС за ГП Јажинце при РЦ за ГР Север, на 27.06.2026 одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност, возилото не го исклучил од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.
А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за Граничен премин (ГП) „Јажинце“ на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност, возилото не го исклучил од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ.,, товарејќи го за „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.