Сојузот на медицински сестри, медицински техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија,… Сојузот на медицински сестри, медицински техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија организира завршна едукативна трибина посветена на Декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници. Трибината претставува продолжение на активностите започнати по петтиот Меѓународен конгрес на медицинските сестри и првиот Национален самит на меѓународните и европските сестрински федерации, здруженија и организации, одржани од 2 до 4 октомври 2026 година во Струга, каде што Декларацијата беше презентирана пред претставници на меѓународната сестринска заедница и доби значајно внимание и поддршка, велат од ЗМСТАС „За нас“. Целта на настанот, како што посочуваат, е да се отворат прашањата за конкретните механизми за заштита на здравствените работници, унапредувањето на условите за работа и можностите за институционално и професионално спроведување на предложените мерки.