Денес, 28 септември 2026 година, по повод Меѓународниот ден на универзалниот пристап до информации, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: ● Просечната активна … Денес, 28 септември 2026 година, по повод Меѓународниот ден на универзалниот пристап до информации, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: ● Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2026 година изнесува 82 % (од максимално можни 100 %), што е за два поена повеќе во однос на минатата година кога изнесуваше 80 %. ● Активната транспарентност само на министерствата и на Владата изнесува 86 % што е подобрување за два процентни поена во однос на ланските 84 %. Со ова, Владата и министерствата се вратија на нивото на активна транспарентност од 2023 и 2024 година.