Вчера Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице и тоа: И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа. Вчера Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице и тоа: И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа за хидрометеоролошки работи Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 во врска со ст.1) во врска со (чл.22) „соизвршителство“ од КЗ, В.Х. (48), управител на правно лице од Битола за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3 во врска со ст.1) во врска со (чл.22) „соизвршителство“ од КЗ и правно лице од Скопје за „фалсификување исправа“ (член 378 ст.4 во врска со ст.1) од КЗ, соопштија од МВР. „И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, ја злоупотребил својата службена положба, со намера да овозможи противправна имотна корист за други, така што постапил спротивно на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација, на кои се обврзал со договор од 2023 година.