Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од… Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за речиси 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Како што соопшти денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска осврнувајќи се на клучните параметри, кај даночните приходи е направена умерена корекција, од 213,3 на 209,8 милијарди денари или намалување од 1,6 процент.