Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Поставката не ја следи идеолошката ориентација на македонските револуционери, така што на некои од старите фотографии, на едно место може да се видат десничари и централисти, врховисти и анархисти, социјалисти и комунисти.
„На пример, на една групна фотографија, речиси еден до друг, стојат Тодор Александров, изразит десничар и антикомунист, и Панко Брашнаров, левичар по идеологија и член на ВМРО (Обединета). Личностите се со различно политичко, идеолошко и идентитетско определување, понекогаш со спротивставени погледи и судбини, но сите тие, велат авторите, „на еден или на друг начин, припаѓале на истиот историски простор и биле вклучени во бурните процеси поврзани со Македонија на крајот на XIX и во првите децении на XX век“.