Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Владата донесе одлука за формирање Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, што ќе има задача да ја следи состојбата со безбедноста на медиумските работници, да ја унапредува соработката меѓу институциите и медиумската заедница и да изработи национален акциски план за заштита и безбедност на новинарите до 15 декември годинава, соопшти попладнево владината портпаролка Марија Митева.
Во Комитетот е предвидено да учествуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за дигитална трансформација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Академијата за судии и јавни обвинители, Македонската радио-телевизија и Здружението на новинарите на Македонија.
„Комитетот ќе ја поддржи и националната примена на кампањата „Новинарите се важни“ на Советот на Европа.
„НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален план до 15 декември Националниот акциски план треба да опфати превенција, итна заштита, поефикасно гонење на сторителите и.