Суштината на движењето што го започнаа студентите во Србија е отвореноста за конструктивна соработка и дијалог со сите партии, вели Илија Срдановиќ, носителот на победничката изборна листа на вонредните парламентарни избори во Србија, и додаде дека тоа сигурно ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи во наредниот период. Запрашан како ќе го изберат новиот српски премиер и министрите и кој ќе ги носи тие одлуки, Срдановиќ во своето прво интервју по победата дадено за хрватскиот портал „Индекс“, рече дека студентите избрале 250 експерти од различни области: економисти, правници, финансиски експерти, спортисти, културни работници, лекари, едукатори. Практично, додаде Срдановиќ, нема сегмент од општеството што не е опфатен со ширината на оваа листа.