Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, нагласи дека Владата на ВМРО го одби предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра, смисли „розова“ потрошувачка кошничка, а граѓаните секој месец се соочуваат со сè поголем јаз меѓу платите и трошоците за живот и едвај врзуваат крај со крај. Во отсуство на министерката за … Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, нагласи дека Владата на ВМРО го одби предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра, смисли „розова“ потрошувачка кошничка, а граѓаните секој месец се соочуваат со сè поголем јаз меѓу платите и трошоците за живот и едвај врзуваат крај со крај. Во отсуство на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Битиќи упати прашање до заменик-министерот Николче Јанкуловски, од кој побара да одговори каква финансиска алтернатива предлага Владата по одбивањето на на предлогот на СДСМ за минималната плата од 600 евра, за да може барем две минимални плати да ги покриваат основните животни трошоци.