Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска учествуваше како панелист на дискусијата организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“.
„За време на дискусијата, министерот Ферати направи осврт на историските и политичките случувања што ги одбележаа изминатите 25 години, истакнувајќи ја улогата на Охридскиот рамковен договор во воспоставувањето на мирот и стабилноста, како и во унапредувањето на правата на заедниците.