„На најнетранспарентен можен начин, Владата на Северна Македонија, зад затворени врати и далеку од очите на… „На најнетранспарентен можен начин, Владата на Северна Македонија, зад затворени врати и далеку од очите на јавноста, подготвува една од најголемите реформи во безбедносните служби во земјата: обединување на сите разузнавачки (тајни) служби во една единствена агенција, земајќи ја Србија како модел“, смета екс-министерот Кренар Лога за фактот дека Владата доставила до Собранието предлог-закон за целосно укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, со кој се уредува соработката меѓу Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Агенцијата за разузнавање (АР) и военото разузнавање. Лога појаснува дека според истражувачката емисија „КОД“, во изработката на овој предлог-закон учествувале и еден поранешен министер за внатрешни работи, кој бил осуден, како и двајца поранешни директори на безбедносните служби. Полициските овластувања на разузнавачките служби, вклучително и овластувањата за следење и апсење, беа ограничени токму поради злоупотребите од минатото, кои кулминираа за време на владеењето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.