Триесет основни и 15 средни училишта во државата ќе добијат средства од Министертството за образование и наука во износ од 60.000 денари за да реализираат активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција во учебната 2026/2027. МОН ги објави повиците за основните и за средните училишта за доделување средства и секое заинтересирано училиште треба да аплицира најдоцна до 15 декември 2026, да достави електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk Селекцијата со рангирање на пристигнатите апликации, во согласност со одредените критериуми, ќе ја прави комисија за вреднување, формирана од министерката за образование и наука. Во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавните повици комисијата за вреднување на веб-страницата на МОН ќе објави списоци на основни и на средни училишта што ќе добијат средства.