Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на Самиотот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, при што на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакна дека веќе 15 години Македонија не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, а сега се соочува со друго барање од членка на ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на Унијата.
Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ – објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.
„Членството во ЕУ, потенцирал премиерот на панелот, значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитетот.