Движењето ЗНАМ остро ги осуди нападите врз претседателот Максим Димитриевски, оценувајќи дека зад нив стојат обиди за наметнување политички наративи и етнички агенди кои, според партијата, ги доведуваат во прашање унитарниот карактер и уставниот поредок на државата. Од ЗНАМ реагираат дека политичките барања и етничките агенди не смеат да се претставуваат како борба за граѓански права, ниту, како што велат, да се релативизираат темелните вредности врз кои почива македонската државност. „Граѓанските права се универзални и еднакви за сите, но тие не смеат да бидат параван за политички проекти што ја доведуваат во прашање унитарноста, функционалноста и суверенитетот на државата“, наведуваат од партијата.