Членот на УО на СДСМ, Андреј Жерновски потсетува дека неговата партија веќе подолг период предупредува дека… Членот на УО на СДСМ, Андреј Жерновски потсетува дека неговата партија веќе подолг период предупредува дека влијанието на Александар Вучиќ врз премиерот Христијан Мицкоски не е ниту случајно, ниту наивно, ниту ограничено на политички изјави. Тој тврди дека сега почнаа да се објавуваат и официјални информации кои потврдуваат дека станува збор за мрежа на политички, финансиски и безбедносни интереси која отвора сериозни прашања за тоа кој и колку има крајно опасно влијание врз државната политика и кому му одговара Македонија да биде слаба, институционално разнишана и немоќно подложна на туѓи влијанија. Жерновски потсетува дека според српските истражувачки извори на „Крик“, по запленувањето на дрогата биле преместени 15 раководители во српската Служба за борба против дрога.