Генералниот секретаријат на Владата има клучна улога во координирањето на стратешкото планирање и неговото поврзување со буџетските процеси, истакнува генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, во својата објава. Како што посочува Јанушев, целта е воспоставување интегриран, ефикасен и усогласен систем за планирање на јавните политики, кој ќе се темели на Националната развојна стратегија, со јасно дефинирани приоритети, мерливи резултати и одговорно користење на јавните ресурси. Во објавата тој нагласува дека преку унапредување на методолошката рамка, дигитализација и зајакнување на меѓуинституционалната соработка се работи на создавање современ систем што ќе овозможи поголема ефикасност, транспарентност и отчетност.